Ден

Фон дер Лејен: Ниту една земја-членка на ЕУ не може сама да ја надмине оваа криза

Претседателот на Европската Комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, зборувајќи за пандемијата од коронавирус, рече дека ниту една земја на ЕУ не може сама да ја надмине оваа криза.

Во својот говор во Генералното собрание на Европскиот парламент, фФон дер Лејен потсети дека секоја личност треба да ги следи препорачаните мерки за социјална оддалеченост.

– Она што е уникатно за оваа борба е дека секој од нас има улога. Секој од нас може да помогне. Со оддалеченост, можеме да го забавиме ширењето на вирусот. Бројките во последните неколку дена покажаа дека можеме да го намалиме трендот, но само ако сите го сториме тоа“, рече Лејен.

Таа потсети дека многу земји од ЕУ ги затворија своите граници како прв чекор против коронавирусот.

– Криза која не знае и нема граници не може да се реши со подигнување на бариери меѓу нас. И ова беше токму првиот рефлекс што го имаа многу европски земји. Едноставно нема смисла. Бесмислено е дека некои земји еднострано спречуваат стоки да влегуваат на домашниот пазар. Земјите треба да работат тесно заедно за борба против коронавирусот. Ниту една земја-членка на ЕУ не може да ја надмине оваа криза, рече таа.

Говорејќи дека земјите од ЕУ треба да се веруваат едни на други, Фон дер Лејен рече дека Европа е на крстопат и дека вирусот не треба да ги дели земјите.

Можеби ќе ве интересира:

ВИДЕО: Демонстрантите во САД украдоа тенк, полицијата се обидува да ги фати

Растат цените на нафтата на светските берзи

Александар Тодески

Трамп бил однесен во бункер поради протестите пред Белата куќа

Александар Тодески
×

Следете не