fbpx
Connect with us

Дневно

ФОТО: Возило на Водовод паркирано на место за инвалиди

Вработени во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје „на брззање“ го паркирале службеното возило на место резервирано за инвалиди, сведочат читатели на „Ден“ кои до нас испратија и фотографии.

На паркингот дошло и до расправија по реакцијата зошто се паркирани на тоа место, а еден од вработените застанал и пред возилото во обид да ги спречи лицата кои фотографирале.

Како што раскажуваат очевидците за „Ден“, откако се ослободило паркинг местото до местото за инвалиди, вработениот кој претходно се обидел да ги попречи да го фотографираат набрзина го препаркирал службеното возило, па го фотографирал како „доказ“ дека не го сторил прекршокот, свесен дека истото е веќе документирано со фотографии.

За објавување, редакцијата на „Ден“ одлучи да го замагли ликот на вработениот кој го сторил прекршокот и кој вербално ги нападнал лицата кои му изреагирале дека е непрописно паркиран на место за инвалиди со службеното возило, зачувувајќи ги фотографиите во целост во својата архива.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement