Ден

ФОТО: Кафематот на зелениот кров во ГТЦ се користи и покрај забраната, искината лентата на ДПИ

Граѓани ја искинале ленатата од Државниот пазарен инспекторат со која е забрането користење на кафематот поставен на зелениот кров во ГТЦ, а со цел да можат да земаат кафе од него.

Тој е еден од над 215 кафемати кои се ставени вон употреба на територијата на целата држава, поради мерките за заштита од коронавирусот.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, вчера прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциски надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, кои интензивно се спроведуваат на терен, со цел да гарантираат целосно почитување на мерките на Владата за заштита од Ковид-19 и меѓу другото кажа дека за заштита на граѓаните, се ставаат вон употреба и кафемати.

„Државниот пазарен инспекторат изминатата недела интензивно ги контролираше и кафематите на бензинските пумпи и на други локации по градовите и при тоа во периодот од 2 до 5 април се забранети за употреба над 215 кафемати“, рече Филиповска-Грашкоска.

 

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не