Ден

(ФОТО) Со автомобилот завршил на покрив од куќа

Честопати гледаме автомобили превртени на покривот по сообраќајни незгоди, меѓутоа, не секогаш гледаме автомобил кој слетал на покрив од куќа.

Човекот чудесно го „паркирал“ своето возило над една куќа во центарот на Загреб. Според пишувањата на хрватските медиуми, додека управувал со возилото за испорака, од непознати причини, тој одел петнаесет метри низ градината, заглавувајќи се на покривот на куќата.

– Тој беше толку блед, како крпа! Беше целосно зашеметен кога пристигна брзата помош, но не мислам дека тоа е од повредите, туку од самиот факт што се случило со него и каде заврши додека возеше во рикверц, претпоставувам за да го сврти автомобилот. Младиот возач не беше многу разговорлив, туку само шокиран! И мислам дека тој носеше достава во моментот на несреќата, вели очевидец.

Со полициските патроли, на местото на настанот излегле и пожарникарите, за да овмозможат автомобилот да биде преместен, со цел да не се загрозат и други луѓе.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не