Ден

ФОТО: Ѓорѓеивски и Илиоски се пратениците кои не гласале за НАТО Протоколот

Со 114 гласа „за“ од 116 присутни пратеници, Собранието го ратификуваше Протоколот за НАТО, со важност откако и последната земја-членка на Алијансата, Кралството Шпанија ќе даде зелено светло за земјава.

Според стенограмите од Собранието кои покажуваат кој пратеник како гласал, Законот за Северноатлантскиот договор не го гласале пратениците Зоран Илиоски и Зоран Ѓорѓиевски, двајцата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Илиоски и Ѓорѓиевски, поранешните кандидати за градоначалници на Битола и Куманово, иако присутни на седницата, не се изјаснија на ниту еден начин за НАТО, односно не гласаа „за“, „против“ или пак „воздржано“, а не гласаа ниту за усвојување на дневниот ред на седницата

Четворицата пратеници пак, кои биле отсутни се Крсто Јовановски, Борис Змејковски и Васил Пишев, пратеници од опозициската партија, како и пратеникот Иван Сотилковиќ, лидер на ДПСМ, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието го ратификуваше Протоколот за влез на С. Македонија во НАТО на пет дена пред распуштање на пратениците, бидејќи доколку Законот за Јавно обвинителство не беше во собраниска процедура, претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре ќе ги распишеше изборите.

Протоколот за НАТО се гласа по тридецениските аспирации на Македонија за влез во Алијансата, односно од независноста на земјата. Зеленото светло од сите земји-членки доаѓа по постигнувањето на Преспанскиот Договор со кој се реши деценискиот спор за името со Грција, а токму соседната земја беше прва која во својот парламент го ратификуваше протоколот за влез на земјава во Алијансата.

Можеби ќе ве интересира:

Почина мајката на сопругата на Пендаровски, се вршат испитувања дали станува збор за коронавирус

ФОТО: Како изгледа импровизираната болница на Саемот во Белград

Виктор Јованов

Филипче: Влегуваме во втората фаза од епидемијата, бројот на заболени ќе расте

×

Следете не