Ден

Функционерите од СДСМ ќе земаат минимална плата, остаткот ќе го донираат во солидарниот фонд

Премиерот, директорите, градоначалниците, министрите, замениците министри и пратениците од редовите на СДСМ ќе ја донираат разликата во платата до 14.500 денари во државниот солидарен фонд за справување со коронавирусот, откако Уставниот суд ги поништи уредбите со кои беше задолжително платите на избраните и именувани лица, меѓу кои и судиите и обвинителите, да земаат минимална плата, а разликата да се донира во фондот.

„По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани лица од СДСМ ќе ја донираат разликата од платата до 14.500 денари ќе ја донираат во фондот наменет за справување со последиите од Ковид-19. Како партија, како одговорни поединци, продолжуваме да работиме единствено во интерес на граѓани. Заеднички ја надминуваме здравствената, заеднички ќе ја админеме и економската криза“, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Уставниот суд вчера одлучи да ја укине уредбата, откако претходно судиите се побунија за намалувањето на платите, со тврдење дека тие работат „под полна пареа“, особено за случаите кои се казнуваат, а се поврзани со коронавирусот.

Претходно, и функционерите на ДУИ објавија дека ќе земаат минимална плата, а остатокот ќе го донираат во солидарниот фонд за справување со економската криза предизвикана од Ковид-19.

 

 

Можеби ќе ве интересира:

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

Почнаа со работа кафулињата и рестораните под посебни протоколи

×

Следете не