Ден

Харисон Форд е среќно оженет, а неговиот совет ќе ве насмее до солзи

Познатиот Харисон Форд во интервју за магазинот Parade, го запрашале која е тајната за долговечниот и успешен брак, а многу мажи сега ги споделуваат неговит зборови.

Имено, актерот духовито одговорил со четири зборови, а „тајната“ е поедноставна отколку што мислевте.

– Не зборувајте! Климајте со главата – кратко рекол познатиот Форд кој е во брак со Калиста Флокхард.

Парот наскоро ќе ја прослави 10-годишнината од бракот, а заедно се скоро 18 години и се редок пар во холивуд за кој се зборува дека има стабилен однос.

За потсетување, актерот и неговата сопруга се запознале за време на доделувањата на Златните глобуси во 2002 година, а се венчаа 8 години подоцна. Харисон од предходниот брак има четири деца, додека Калиста има син кој го посвоила.

Многу озборувања го следеа парот за време на 18-годишната врска, а Калиста секогаш истакнувала дека тоа што е 22 години помлада од Харисон не е никаков проблем.

Можеби ќе ве интересира:

Пинк и нејзиниот син го прележале коронавирусот

Најздравиот пијалак од ѓумбир и куркума

Опра донира 10 милиони долари за борбата со пандемијата

×

Следете не