Ден

Хуавеи донира два милиони заштитни маски на здравствените работници во Европа

Телекомуникацискиот оператор Хуавеи се приклучува на групата кинески компании кои донирале милион маски и заштитна опрема во европските земји, покажувајќи корпоративна „мека моќ“ среде пандемија, објави „Политико“.

Компанијата Хуавеи, која останува во центарот на жестока дебата за безбедноста на мрежата, донираше два милиони маски за лице, како и десетици компјутерски таблети за здравствените работници во повеќе европски земји, потврди портпаролот на кинеската компанија.

Нивната донација се приклучува на донацијата од Алибаба, кои неодамна го отвориле центарот, како и други кинески компании.

Овој бран донации од кинески компании оди заедно со напорите предводени од Пекинг за поддршка на земјите од ЕУ погодени од вирусот, но и покрај контроверзии околу безбедноста на мрежата 5G на Хуавеи.

Франција, Велика Британија, Полска, Холандија и други земји презедоа чекори за намалување на количината на опрема што Хуавеи ја користи во својата мрежа.

Можеби ќе ве интересира:

Galaxy Note20 телефоните на Samsung добија поголем екран

Microsoft Surface Duo пристигнува со напредна поддршка за стајлус

Прелистувачот на Гугл дава можност да не направите „seen“ на Месинџер

×

Следете не