Ден

Четиричлено семејство повредено во сообраќајка, таткото и мајката во животна опасност

Четири члена на едно семејство од село Горно Врановци – мајка, татко и две деца, се повредени попладнево во сообраќајна несреќа на патот после поранешна велешка Порцеланка, на свиокот кон село Горно Оризари во правец на Велес, кога се превртел автомобил марка БМВ со велешки регистарски таблички со кој патувале жртвите.

Како што информира за МИА, портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, др. Тодор Јаковлевски, двете возрасни лица се здобиле со тешки повреди и се во животна опасност, поради што по прегледот во велешката болница со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Хируршките клиники во Скопје.

– Двете нивни деца се вон животна опасност, а на едното од нив хируршки тим на велешката Општа болница се подготвува да му изврши операција – изјави Јаковлевски.Екипа на СВР Велес е на терен и врши увид и работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

Можеби ќе ве интересира:

Димитриеска Кочоска: ММФ очекува раст на економијата што е под оптимистичките бројки на МФ

Stefanija Kuzmanovska

Чулев: Спасовски изработил 1.750 решенија во декември

Stefanija Kuzmanovska

Сугарески: Носиме Закон за на никој во иднина да не му текне да прави дивоградби

Влатко Зорба