fbpx
Connect with us

Македонија

Чие е мнозинството – Дилема која ќе се реши во четврток

Ќе успее ли опозицијата да направи ново мнозинство останува енигма која ќе биде решена во четврток, на 11 ноември во 11 часот, кога пратениците ќе гласаат доверба на владата. И додека пратениците од мнозинството молчат, а нивните лидери велат дека преговараат со сите оние кои се про НАТО и ЕУ, како и за договорот од Преспа, во опозицијата настана хаос откако пратеник од Алтернатива рече дека неговиот потпис не може да стои заедно со потписите на пратениците од Левица.

Обидот за ново владино мнозинство доаѓа откако премиерот Зоран Заев пред повеќе од една недела најави оставка премиерската позиција и од лидерската позиција во СДСМ поради катастрофалниот исход на локалните избори, но и откако ДИК одлучи да се прегласува во Желино, каде градоначалник доби владејачката БЕСА, по што од партијата најавија дека ќе излезат од владејачкото мнозинство.

И додека пратенциите од Алтернатива се пишманат, од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат да го дадат својот глас за уривање на владата, што во пракса нема да значи избор на нова влада, бидејќи мнозинство за тоа се уште немаат. Сепак, уривањето на владата би можело да значи брзи парламентарни избори, односно легитимен избор на нова влада со мандати кои ќе ги доверат граѓаните.

Во меѓувреме, по осумдневен молк, на Фејсбук се јави и премиерот во оставка Заев, кој вели дека опозицијата ја била подготвена да ја носи држава низбрдо од желба за власт.

„Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите. Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности“, напиша Заев.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement