Ден

Чулев ја потпишал Уредбата за продолжена важност на личните карти, возачките и пасошите

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ја потпишал Уредбата со кој се продолжува рокот на важење на личните карти, возачките дозволи и пасошите, дознава „Ден“.

Потпишувањето следи откако „Ден“ излезе со информацијата дека иако дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска и вчера и утрово на координација го побарала тоа од него, тој не го ставил својот потпис на Уредбата.

Чулев во изјава за „Ден“ рече дека вчера бил на владина седница кога стигнале за потпишување Уредбите, додека пак утрово после координацијата бил на настан. Тој кажа дека на следната владина седница, истите ќе бидат доставени.

Владината седница на која ќе се гласаат Уредбите на МВР се одржува денеска, со почеток од 16:30 часот, а на која освен овие Уредби, ќе се разгледува и барањето на минситерот за здравство, Венко Филипче.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира:

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

Во последен час се разговара за 58 часовниот викенд карантин

Александар Тодески

Чулев: Очекуваме зголемен број на мигранти со олабавувањето на мерките

×

Следете не