Ден

Шеќеринска: Барам дел од медиумите да се извинат за лагите и клеветите

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска категорично ги отфрла информациите за наводен договор  за јавна набавка со Министерство за одбрана и компанијата ЕДС и поврзаноста на Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев како сопственик на ЕДС.

„Наводите во написите објавени во Вечер.мк, Курир, Република, Инфомакс, Лидер.мк, Скопје 1 и Нетпрес се лажни и тенденциозни.

Фирмата EDS што ја споменувате и злонамерно ја доведувате во контекст кој вие го посакувате, не е во сопственост на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Ако бевте новинари кои трагаат по вистината истиот податок ќе го видевте и во Централен регистар.

Понатаму, за точно информирање на јавноста известуваме и за следново: Согласно законските обврски Министерството за одбрана спроведе јавна набавка за снабдување со електрична енергија“, напиша Шеќеринска.

Понатаму таа вели дека на огласот на министерстовто се јавиле четири фирми кои учествуваа на електронска аукција во која значително се намали цената. Првичните понуди кои изнесувале помеѓу 95 и 116 милиони денари, поради конкуренцијата цената се намалиле на 77,7 милиони денари, што значи околу 18 милиони денари помалку од првичната најниска понуда.

„Со ова Министерството за одбрана ќе оствари заштеда и во однос на претходните трошоци за таа намена и во однос на постигнатите цени во други институции.

Се надевам дека ќе престанете да ширите лажни вести бидејќи така си штетите на себе, а државата ја правите буниште на лажни вести.

Истовремено, согласно чл.13 за ублажување на штета и чл.14 за право на реагирање, демант одговор и исправка, од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам да ми се извините за лагите и клеветите, и да го објавите овој демант согласно пропишаните услови од наведениот закон“, додава таа.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не