fbpx
Connect with us

Бизнис

Што сè треба да знаете за криптовалутите?

Криптовалутите со години се актуелна тема во светот. Тие се рударат, разменуваат, се тргува со нив и се користат како платежни средства онаму каде тоа е регулирано.

Тие не постојат физички, туку се дигитална сопственост која се добива како награда, решавајќи комплицирани криптографски задачи, со помош на машини кои се познати како ригови. Секако, не поминува темата без да се спомне првата криптовалута Биткоин, која денеска има највисока вредност меѓу илјадници други.

Овие дигитални валути се децентрализирани и не се контролирани од власти или национални банки. Трансакциите се вршат преку блокчејн, или блок-синџири, а со секоја следна трансакција, претходните остануваат запечатени во јазол, кој постои во базата на податоци.

Рударењето, кое е она што е актуелно во Македонија во моментов, е начин на кој се валидираат трансакциите во блокчејн. Се користат машини познати како ФГПА и АСИЦ, кои генерираат хеш алгоритми, а валутата се добива откако ќе се приложи доказ за завршена работа (proof of work).

Трансакциите се брзи и ефикасни, секаде во светот, а тоа е и една од причините поради кои луѓето се се позаинтересирани за криптовалути. Со оглед на тоа што рударењето (mining) е скап процес и троши многу енергија, многу почесто ќе сретнеме корисници кои преферираат тргување со криптовалути или нивно менување за други.

Заштедените крипто пари се чуваат на дигитален паричник, кој е заштитен со повеќе клуч-кодови. Многу е важно да знаете каде е вашиот физички дигитален паричник, за да бидете сигурни дека нема да ги изгубите вашите заштеди.

Ова се најосновните информации, со кои ја започнуваме серијата текстови посветени на криптовалутите. Во секој следен ќе се посветуваме што повеќе на најважните поими и термини, како и на познатите регулативи поврзани со криптовалутите, со кои би ги разрешиле сите дилеми поврзани со нив.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement