Ден

Ѓоковиќ: Ќе имам дилема ако АТП каже дека има задолжителна вакцинацијата

Светскиот прв рекет, Новак Ѓоковиќ, смета дека ќе биде исправен пред голема дилема ако АТП каже дека има задолжителна вакцинација на играчите пред да се вратат на терен.

„Лично, јас сум против вакцинирање и не би сакал некој да ме натера да се вакцинирам за да можам да патувам. Но, ако овој услов стане задолжителен, ќе треба да донесам одлука. Јас имам свои ставови за ова прашање, но дали ќе се променат се уште е рано да ми кажам. Хипотетички, ако сезоната продолжи во јули, август или септември, вакцинацијата најверојатно нема да биде меѓу барањата за учество на турнири, иако вакцината сè уште не е развиена“, посочи Ѓоковиќ.

Во март, поранешната лидерка на женскиот тенис, Амели Моресмо рече дека целата сезона во 2020 година може да се откаже и дека нема да има турнири сè додека натпреварувачите не бидат имунизирани против КОВИД-19.

Можеби ќе ве интересира:

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Надал: Не сакам да гледам натпревари без навивачи, ништо не може да ја замени нивната енергија

Арсенал во преговори со Обамејанг за да го задржи до 2023 година

×

Следете не