Ден

Јанева за Русковска: Пијаница, нереализирана, остарена личност

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да го купи, ама мене не можеше – рече Катица Јанева во своитр завршни зборови во случајот „Рекет“

„Јас да лежам во притвор, за Орце Камчев. Девет месеци лежам во притвор, за недокажани пари кои наводно ги дал некаде. Каде ги дал? Што ќе беше ако не беа пари, ако беше шеќер. Што ќе шмркаше кокаин”, вели Јанева.

Поранешната шефица на СЈО посочи дека доаѓала од судско семејство и дека имала пари, па зароа не и требале повеќе за да се издржува.

,,Заслужувам пофалба и од обвинителската и од судската фела дека за 35% ви е покачена платата, заради мене. Затоа што јас кажав дека на обвинителите им требаат пари за да се борат со криминалот. Јас не треба да седам тука”, рече Јанева.

Таа кажа дека многумина ја молеле да дојдат и да работат во СЈО, а ја молеле и некои „други личност“ да вработува луѓе.

„Обвинителството треба да се води. Не се работи до 4 саатот, па после да брзаш да се напиеш по една ракиичка, салатичка и во кафана. Тие не ги одбрав, не ги одбрав тие што кризираат ако не се напијат по една до 4 попладне. Пијаници, нереализирани луѓе кои остареле, а не постигнале ништо во животот не ми требаат“, рече Јанева алудирајќи на обвинителката Вилма Русковска.

Таа додаде дека се срами од судијата во процесот Васка Масевска, бидејќи тројца судии од судечкиот совет во „Рекет“ прифатиле обвинение без да бидат доставени половина од доказите.

„Изеде ме туџа срамота што би рекле Србите. Јас се срамам што сум била дел од ова, од овој систем. Секоја чест судијке“, рече Јанева.

Таа ги спореше доказите кои ги претставило обвинителството, особено фотографијата на која се гледа Катица Јанева со куп пари.

„Јас на таа слика се гледа јасно дека сум болна. Не играм чучек – срамота!“ – рече Јанева.

Во продолжение на својот завршен збор, таа истакна дека помеѓу нејзе и обвинителката Вилма Русковска не постои анимозитет, туку завист.

„Ама ако, нека пукне!“, рече Катица Јанева.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не