Јанчев, Таравари и Димитриевски имаат најголема доверба од граѓаните меѓу градоначалниците

Митко Јанчев, Арбен Таравари и Максим Димитриевски се градоначалниците кои добиле највисоки оценки од граѓаните, покажува истражувањето на институтот МЦМС.

Гледано низ етничка перспектива, етничките Македонци најчесто ги препознавале како најдобри градоначалници Митко Јанчев (14,8%) и Максим Димитриевски (7,6%), а потоа Петре Шилегов (3,5%), Борче Митевски (3,5%), Коста Јаневски (3,3%) и Стефан Богоев (3,1%). За четвртина од етничките Албанци (25,7%) најдобар градоначалник е Арен Таравари, а потоа се Теута Арифи (13,7%) и Висар Ганиу (11,6%). Припадниците на другите заедници, најчесто се изјаснувале за Максим Димитриевски (15,2%), потоа за Стефан Богоев (6,1%), Петре Шилегов, Висар Ганиу, Митко Јанчев и Арбен Таравари, сите по 4,5%.

Резултати од анкетата на МЦМС

Ако се гледа од аспект на симпатизерите на политичките партии, четвртина од оние на ВМРО-ДПМНЕ (26,6%) се изјасниле за Митко Јанчев, а Максим Димитриевски, кој на претходните избори беше кандидат на СДСМ и Борче Митевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ добиле ист број гласови односно 9,6%. Поддршката за градоначалникот на Скопје е 2,8%.

Симпатизерите на СДСМ најчесто се изјаснувале за Максим Димитриевски (9,9%), потоа за Коста Јаневски (7,7%), а на трето место е Митко Јанчев (5,0%) кој на претходните избори беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. По 4,4% од испитаниците се изјасниле за Петре Шилегов и Стефан Богоев, а 3,9% за Саша Богдановиќ. За вкупно 44 градоначалници се изјасниле помалку од 1% и тие се претставени во колоната други, додека 14 градоначалници воопшто не се спомнати од испитаниците.

Најголем број од граѓаните или 44,0% на локалните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, односно 22,4% ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6% за СДСМ. Следната најголема поддршка е за ДУИ (8,0%), за Алијанса за Албанците ќе гласаат 6,2%, а за Левица 5,2% од испитаниците. За некоја од другите партии ќе гласат 2,7% од испитаниците. Бројот на оние кои нема да гласаат, ќе излезат ама ќе го поништат ливчето е вкупно 18,1%, а оние што рекле дека не знаат или одбиле да одговорат се вкупно 15,9%. Значи вкупно една третина или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат во втората половина на октомври оваа година за кога се планирани седмите локалните избори во независна Македонија.

Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета, на повеќеслоен стратификуван примерок од 1003 испитаници постари од 18 години, национално репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и место на живеење. Анкетирањето е правено на македонски и на албански јазик. Сите резултати се подложни на статистичка грешка од ±3,0% со прифатливо ниво на доверба од 95%.

Испитувањето на јавното мислење е извршено во периодот 17 до 24 март 2021 г. кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект.

loading...

Останати вести

За 24 часа хоспитализирани 2,5 пати повеќе ковид пациенти отколку претходното деноноќие

admin

Заев – Јанакакис: Поддршка за пристапниот процес во ЕУ, политичката волја за решенија е европски начин на однесување

admin

Почна пријавувањето за вакцинација во Македонија

admin