Ден

Јовановиќ: Сменете ја уредбата инаку не очекувајте гласови од работниците

Два дена пред Први мај, Министерката за финансии објавува дека фирмите кои добиле државна поддршка за надминување на кризава ќе можат да отпуштат до 15% од своите вработени, односно, дека десетици илјади луѓе ќе можат да останат на улица и да паднат во сиромаштија, реагира поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ на денешната прес конференција на министерката Нина Ангеловска.

„Јас знам дека на министеркава за финансии не ѝ е ич гајле за работниците, дека на нив гледа како потрошна роба. Ама кај сте вие другите од Влада, другарки и другари социјал-демократи? Како можете вие да дозволите вакво нешто? Со кој образ после ова ќе искочите и ќе зборите за работниците и сиромашните“, пишува Јовановиќ.

Тој побара да се стопира оваа измена веднаш, во спротивно власста да не ги очекува гласовите на работниците, сиромашните и сите кои се грижат за нив на претстоечките избори.

Можеби ќе ве интересира:

МТСП: Парична помош за сите невработени кои имале прекин на работен однос во периодот од 11 март до 30 април

Александар Тодески

Владата одлучи државата да се задолжи со нова еврообврзница

Александар Тодески

Ангеловска: Новите мерки се дизајнирани да го поддржат македонското производство

×

Следете не