fbpx
Connect with us

Анализи

Ќе ја зачува ли Ковачевски „расклатената“ коалиција на СДСМ?

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски нема голем луксуз да се претставува пред партијата како некој кој ќе ја врати довербата кај сите гласачи на владејачката партија, бидејќи пред него е предизвикот да ги задоволи апетитите на коалиционите партнери, кои пак пораснаа со давањето две министерски места и едно вицепремиерско на најновиот партнер, Алтернатива.

Иако Гаши не е непознат партнер за коалицијата на СДСМ, сепак дојде во време на големи политички превирања и неизвесности, кога Беса замина во опозиција, а во Собранието силите беа 60 наспрема 60 пратеници.

Нова влада

Веројатно само Ковачевски засега ги знае имињата на новите министри од редовите на СДСМ и коалицијата. Единствен кој знае дека заминува е министерот за здравство, Венко Филипче, кој пак посочи дека се враќа на клиниката за неврохирургија, од каде дојде на чело на министерството.

Останатите пак, се надеваат дека ќе останат, иако се свесни дека кога ќе се случи реконструкцијата, министерски места ќе добијат и голем број коалициони партнери.

Криминал и корупција

Темата за криминалот и корупијата се провлекува повеќе од десет години, но ниту еден премиер до сега не бил одлучен во оваа борба. Иако СДСМ се фалеше со тоа што во време на нивното владеење бил испратен екс генералниот секретар во притвор, а поранешната пратеничка и противкандидатка на Ковачевски за лидерската позиција, Фросина Ременски е цело време на суд поради тоа што е обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, сепак корупцијата останува да виси во Македонија.

Премиерот во заминување, Зоран Заев обвини и дека на локалните избори на кои СДСМ катастрофално изгуби наспроти ВРМО-ДПМНЕ, иако двете партии имаа помалку гласови од претходните локални избори, биле носени и странски пари за опозицијата, теза за која нема да дочека одговор како прв човек на владата, туку најверојатно како управител на една од фамилијарните компании.

Реконструкција во СДСМ

Иако на големо се зборува за разочараноста на повеќе крила во владејачката партија, меѓу кои е и скопското крило, на Димитар Ковачевски му останува и да се справи со овој проблем, бидејќи доколку не ги смири страстите во партијата, на следните избори ќе загуби уште покатастрофално. Тој ги повика сите да се вратат во СДСМ предводено од него, но досега ниту еден од повидните членови не ја прифати неговата покана.

Надворешна политика

Ковачевски ќе треба да вложи голем дел од својата енергија и на решавањето на проблемот наметнат од соседна Бугарија, поради што Македонија повторно се спона пред вратите на Европската Унија. Додека не го стори тоа, бугарските власти најавувват ново вето, со што ниту на крајот од 2021 година, Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ.

Овој проблем беше и еден од клучните Заев да почне да слабее на политичката сцена, проблем кој кулминираше со неговото повлекување додека е на власт.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement