Ден

Џафери за ДВ: Не сме венчани, ако сакаат ново мнозинство, нека кажат

„Се додека примам пораки дека има можност да се создаде друго мнозинство дека ќе биде поуспешно, јавно ги повикувам партиските лидери доколку сериозно мислат дека имаат потреба да создадат друго мнозинство, јавно ќе организирам преку мојата покана во текот на утрешниот ден да има лидерска средба согласно Пржинскиот договор, согласно договорот за предвремените избори од 12-ти април, да потврдиме дека има желба изборите да се одржат на 12-ти април“, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во изјава за ДВ.

Ваквиот повик уследи и откако Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во гостување на ТВ „21“ изјави дека ако опозицијата го оневозможува гласањето на важните закони, тогаш се отвора опцијата за формирање ново парламентарно мнозинство и избори во редовен термин.

Претседателот на Собранието вели дека направил се што е во негова надлежност.

„Јас ли сум виновен што оставија важни закони да се усвојуваат во последните два дена пред распуштање на парламентот?“, вели Џафери во разговор за ДВ.

„Сите закони кои ги сметаат за приритетни се ставени на дневен ред. Оној за ЈО го доставија на 10-ти февруари, а знаеја дека на 11-ти имаме ратификација на Северноатлантскиот договор. Од септември преговараат за Јавното обвинителство, и јас ли сум виновен што сѐ се собра во два дена? Јас не продавам време и не располагам со екстра време. Не знам кој со кого се расправа и за што се убедува, но ако сакаат ново парламентарно мнозинство, ред е да дојдат и да кажат, а не да се расправаат преку мене. Нека објаснат зошто пред шест месеци се договорија да има избори на 12 -ти април! Ако не сакаат избори, ако сакаат ново мнозинство, нека кажат. Не сме венчани. Но, ако со тоа се вратиме во периодот на политичката криза каква што беше во 2015 година, тоа ќе биде нивен проблем“, вели Џафери.

Можеби ќе ве интересира:

Почина мајката на сопругата на Пендаровски, се вршат испитувања дали станува збор за коронавирус

ФОТО: Како изгледа импровизираната болница на Саемот во Белград

Виктор Јованов

Филипче: Влегуваме во втората фаза од епидемијата, бројот на заболени ќе расте

×

Следете не