Ден

Џафери: Секогаш сум свикувал седници во интерес на граѓаните, Зекири ако реагираш, пиши на Фејсбук

Пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Емилија Александрова побара 15 минути пауза бидејќи како што рече, тие се посебна пратеничка група со свој координатор, а не биле повикани на координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Не сме повикани на координација. Не знам зошто е тоа, но се надевам дека не правите поделби на пратеничките групи. По Деловник имаме правно на учество. Барам 15 минути пауза да не известите како се координирате и зошто се координирате“, рече Александрова.

Претседателот на Собранието пак, рече дека во овие две и пол години, тој имал еднаков однос кон сите пратеници.

„Координациите се редовни каде што учествуавме сите. Таму даваме општи насоки како ќе тече седницата. Во меѓу време, меѓу пратеничките групи има разлики по однос за нештата, а за тоа сум ги повикувал оние кои имаат дилеми. На тие дилеми цел ден потегни, повлечи, на крајот претседателот свикува седница. Потоа ќе излезе претседателот е крив што не се свикува седница, тој е крив зошто не се отвора законот за одбрана, за законот за задолжување. Јас за потребите на граѓаните и државата, дневно сум свикувал и по пет координации за да се постигнат рокови“, рече Џафери.

Реагираше пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, на што собранискиот спикер му одговори „Ако имаш да реагираш Мухамед Зекири, излези на Фејсбук таму напиши“.

„Тоа се тие прашања кои не се гледаат, а се интерперетираат како што сакаат“, истакна тој.

Пратеничката Алексадрова пак, му возврати дека не го напаѓа лично и дека не и е тоа целта, но дека има најголема одговорност, бидејќи е претседател на Собранието.

„Легитимно е да не повикате сите координатори на пратеничките групи, затоа што на крај сите тука гласаме или не гласаме. Потрошивте време на објаснување наместо да не викневте на координација, ќе беа разрешени дилемите и ќе продолжевме“, посочи Емилија Александрова.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира:

МЖСПП за состојбата на Преспанското езеро: Се преземаат активности во рамки на надлежностите

Влатко Зорба

Ивановски: Политиката која трае овие две и пол години треба да продолжи

Шекеринска: Како нова членка на НАТО ќе бидеме оценувани според повисоки стандарди