Ден

Ковачевски на средба со европските социјалдемократи зборувал за ситуацијата во Украина

Премиерот Димитар Ковачевски за време на работната посета на Брисел остварил средба со пратеници во Европскиот Парламент, членови на парламентарната група на социјал-демократите.

„На средбата, на која присуствуваше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во фокусот на разговорот беше ситуацијата во Украина и целосната усогласеност на Северна Македонија со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, во осудата на воената агресија во оваа земја, како и во однос на санкциите кон Руската Федерација. Европратениците покажаа интерес и за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија во справувањето со последиците од војната кои предизвикаа економска и енергетска криза“, велат од владата.

Од таму посочуваат дека антикризните мерки и политиките на Владата во однос на овие прашања биле препознаени како прогресивни и развојни, и како мерки кои го штитат стандардот на граѓаните.

„Премиерот Ковачевски оствари средба и со претседателката на групата на социјалдемократските партии во Европскиот Парламент Ираче Гарсиа Перез, на која беше изразена и силната поддршка за нашите заложби за креирање суштински дијалог со Бугарија. Таа заложба, беше оценето, е сведоштво за посветеноста на Северна Македонија кон европските вредности и европската визија на земјата како единствен начин кој ќе донесе достоинствено решение во интерес на граѓаните на двете држави“, соопштува владата.

Поврзано

Блинкен: И по 100 денови руска инвазија Украина ќе опстои

admin

Повторно РКЕ ќе носи одлука за цената на горивата

Elena

Најголемата европска нуклеарна централа е во критична состојба, тврди Украина

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com