Ден

Уставен суд го одби барањето на Панчевски

Уставниот суд го отфрли барањето на поранешниот судија Владимир Панчевски, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, барање кое Панчевски го поднесе преку полномошникот Петро Јанура, адвокат од Скопје.

Уставниот суд образложува дека пресудата на Апелациониот суд е укината од страна на Врховниот суд на 09.02.2022 година, што упатува дека постапката пред редовните судови се уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното барање.

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд ги бараше своите права од Уставниот суд. Тој сметаше дека бил дискриминиран, во споредба со останатите претседатели на судови и носители на јавни функции.

Поврзано

Приведен скопјанец, се сомничи за неовластено држење и тргување со оружје

admin

Пронајдени изнемоштени и дехидрирани: Две лица се изгубиле кај Кожле

Elena

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протест пред владата

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com