Ден

Пуч против Путин – Поголема реалност од недела во недела

Ризикот од државен удар на Руската федерална служба за безбедност против претседателот Владимир Путин расте секоја недела додека војната во Украина продолжува, изјавил свиркач од самиот врв на руската разузнавачка служба.

Веста ја пренесува „Гардијан“, од каде пишуваат дека свиркачот тврди дека безбедносните служби се во хаос и незадоволство по неуспешната руска инвазија на Украина.

Протераниот руски активист и основач на групата за човекови права, Владимир Осечкин  тврди дека анонимен руски разузнавач сето тоа го пишува во дописи што ги добива и кои ги објавил. Осечкин за „Тајмс“ изјави дека ризикот што го преземале разузнавачите за да проговорат е знак на нивниот растечки гнев кон Путин и незадоволството од санкциите што ги засегаат агентите на ФСБ кои повеќе нема да можат да одат на одмор во своите вили во Италија и да ги носат своите деца во Дизниленд, Париз.

„Путин создаваше стабилност во Русија веќе 20 години. Службениците на ФСБ, полицајците, државните обвинители – овие луѓе во системот – можеле да живеат многу добро. Но, сега сето тоа го нема. Тие препознаваат дека оваа војна е катастрофа за економијата, за човештвото. Тие не сакаат да се вратат во Советскиот Сојуз. Секоја недела во која продолжува оваа војна се зголемува можноста за бунт од сите овие неистомисленици во безбедносните служби“, вели Осечкин.

Поврзано

Најголемата европска нуклеарна централа е во критична состојба, тврди Украина

admin

Тешка сообраќајка во близина на Негорци, еден од учесниците избегал

Elena

Пукање во основно училиште во Тексас: Убиени најмалу 19 ученици

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com