Постојат одредени случаи кога храната или нејзиниот недостаток можат да бидат причина за појавите на анксиозноста.
Она што влегува во нашето тело директно влијае и на физичкото и на менталното здравје. Многу доктори, наместо да препишуваат антидепресивни на своите пациенти, ги советуваат да се обидат со промени во исхраната.
Иако нутриционизмот не е дел од психијатријата, правилната исхрана со добриот пристап на лечење може да дадат одлични резултати кај лицата со анксиозност, промени во расположение, па дури и полесни облици на депресија.
Доколку се чувствувате повремено анксиозно, внесувајте од следниве хранливи состојки:
Магнезиум – помага личноста да се чувствува посмирено. Го има во зелениот листест зеленчук, целите житарици, семките и јатките.
Цинк – храната богата со цинк ќе го подобри вашето расположение. Јадете жолчки, костени, џигер и телешко месо.
Омега 3 масни киселини – имаат докажано дејство во поефикасната борба со депресијата и анксиозноста. Нека вашата исхрана вклучува лосос, туна, сардини, чиа семки, ленено семе, ореви и соја.
Пробиотици – пијте доволно јогурт или кефир, а понекогаш дозволете си и закиселена храна, на пример краставички или зелка.
Витамините Б – тие се докажани подобрувачи на расположението, бидејќи ги контролираат нивоата на серотонин и допамин.
Антиоксиданси – ги има во сите видови грав, потоа во јаболките, црешите, сливите, јагодите, брусницата, па во оревите, во кељот, спанаќот, брокулата и цвеклото, а од зачините, во ѓумбирот и во куркумата.