Ден

Бајден за Путин: Тој е касап

Владимир Путин е касап, рече претседателот на САД, Џо Бајден за време на неговата посета на Полска.

Новинар го праша Бајден: „Секој ден се занимавате со Владимир Путин. Погледнете што им направи на овие луѓе. Што мислите за тоа?“, тој кратко одговори: „Тој е касап“.

Ова не е првпат американскиот претседател остро да го критикува Путин, кого го смета за главен виновник за руската инвазија на Украина. Последните денови двапати го нарече воен злосторник.

Собирајќи впечатоци по посетата на засолништето на украинските мигранти, тој рече дека тоа се прекрасни деца што ги видел и кои го замолиле да се моли за „нивниот татко, дедо и брат“.

Бајден посочи дека „многу добро знае што значи да имаш некој свој во воена зона“, мислејќи на неговиот син Бо Бајден, кој почина од рак во 2015 година, а се бореше во Ирак.

Поврзано

Бугарски партии бараат во Собранието да помине францускиот предлог

admin

Момче од Македонија се удави во Црна Гора

Elena

Летонија ги забрани сите ТВ канали со седиште во Русија

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com