16.5 C
New York
May 21, 2022
Ден

ЕК ќе набавува гас и нафта за Македонија

Европскиот совет ноќеска одлучи – Ќе има колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите членки на ЕУ со цел да се намали зависноста од гас и нафта од Русија.

Земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, првпат се вклучени рамноправно во овој нов механизам.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тврди, тоа значи дека колку што Македонија ќе има потреби за гас и нафта, толку Европската комисија ќе набавува во наше име.

„Ако се сеќавате кога ЕК вака набавуваше вакцини за земјите членки, ние не бевме вклучени во таа колективна набавка на вакцини на почетокот. Сега ЕУ се поставува така како што треба и ние сме рамноправно вклучени, така што мислам кај нас тоа ќе влијае во намалената зависност“, рече Османи на брифинг со медиумите.

Според министерот, на ваков начин се добива во цена, бидејќи, кога се купуваат поголеми количини, цената е пониска.

Поврзано

Грција бара од ЕУ веднаш да почнат пристапните преговори со Македонија

admin

„Меѓународен сојуз“: Боки 13 доби девет години затвор, Ременски ослободена

admin

Приближување на ставовите со Бугарија има, решението сепак е далеку

admin

ФОТО: Тешка сообраќајка кај зградата „Флетajрон“ во Кисела Вода

admin

СЗО предупредува на нов вид на хепатитис со непознато потекло

Elena

Бајден: Путин не смее да остане на власт – Кремљ: Тоа не го одлучува Бајден

admin