Ден

Приближување на ставовите со Бугарија има, решението сепак е далеку

Преговорите со Софија ќе се интензивираат – Вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, но не открива на каков компромис е подготвена Македонија.

Не се знае во кој дел Македонија ќе попушти и што ќе побара за возврат. Османи тврди – Приближување на ставовите има, но не сме ниту блиску до решение и надминување на разликите.

Османи вели дека во наредниот период, како што ќе се зголемуваат изгледите за наоѓање решение, во двете општества ќе има провокации од луѓе кои изградиле цели кариери на ова прашање, алудирајќи на копретседавачот на македонско-бугарската историска комисија, Ангел Димитров, кој пак во колумна на БГНЕС порача дека Македонија може да биде руски тројански коњ доколку биде примена во ЕУ без да се прифатат бугарските ултиматуми за историското минато.

Доколку во јуни не се одржат првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија, не е исклучена можноста Албанија да лобира и да побара одвојување на процесот на интеграција. Ова според Османи ќе ја отежни македонската позиција, додека пак Албанија на долгорочен план ќе изгуби многу со евентуалната поделба.

Османи ја повика и опозицијата, да биде конструктивна во однос на преговорите. Вели, за секое решение кое ќе биде постигнато, јавноста и пратениците ќе бидат информирани пред да се стави потпис.

Поврзано

Македонија со 1.836.713 жители, 51 лицe има над 100 години

admin

Генчовска го напушта Кабиентот на бугарскиот премиер

Elena

Ахмети до Генчовска: Решение без да се загрози националниот и јазичниот идентитет

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com