Ден

Како да согорите што повеќе калории додека вежбате?

Ако вежбате, но не забележувате резултати, следете ги овие совети кои сигурно ќе помогнат во слабеењето и постигнувањето на посакуваната телесна тежина.

Постојат неколку начини за зголемување на ефикасноста на вежбањето, па така само со внесување на мали промени можете да изгубите повеќе калории и да ги добиете саканите резултати.

Една од причините зошто резултатите изостануваат е бавниот метаболизам, па затоа согорувањето на калориите не оди толку брзо колку што би сакале. Но, не треба да очајувате, бидејќи и за ова постои решение.

Она што сите тренери го препорачуваат се следните едноставни совети кои би требало да ги применувате во секојдневното вежбање и со тоа да го поттикнете согорувањето на калории, со што ќе дојдете до брзи и подобри резултати.

Прво треба вежби за сила, па потоа кардио вежби

Најдобри резултати со вежбањето за топењето на масните наслаги ќе постигнете доколку после завршеното вежбање го одржувате телото во состојба на топење на масното ткиво. Затоа, добро е прво да ги правите вежбите за сила, па потоа да ги применувате кардио вежбите.

Избегнувајте храна пред да вежбате

Истражувањата покажале дека за најдобри резултати во губењето калории е најдобро да вежбате наутро со празен стомак. Доколку немате јадено пред вежбање, вашето тело нема многу залихи на јаглени хидрати со што го присилува телото наместо тоа да ги согорува наталожените масти. Ако пак сакате да јадете, обидете се тоа да биде три часа пред да почнете со вежбање.

Интервални вежби

Интервални вежби или вежби со висок интензитет, се едни од најефикасните начини за брзо губење на калории и за забрзување на метаболизмот. Овие вежби вклучуваат повторување на вежби со висок интензитет со повремени паузи, кои го поттикнуваат вашето тело побрзо да работи и со тоа ви овозможува брзо постигнување на саканите резултати.

Супер сетови

Станува збор за напредна техника за зголемување на интензитетот на вежбање. Супер сетовите вклучуваат комбинација на две вежби, кои се изведуваат наизменично. Започнувате со серија од првата вежба, а потоа без пауза веднаш започнувате со една серија од другата вежба. Ова е еден вид на супер сет, после кој треба да направите кратка пауза, па потоа да почнете одново со вежбата.

 

Поврзано

Храна која може да ги уништи забите

Elena

Користите ли третман за околу очи? Ова е правилниот начин на нанесување

Elena

Дали емоционалниот товар ни ја отежнува среќната иднина?

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com