Ден

Храна која може да ги уништи забите

Одредени видови храна можат да бидат штетни за забите и општо за здравјето во вашата уста.

За одржување на здравјето на усната шуплина, важно е редовното четкање на забите, нивно повремено чистење со конец и користење течности за плакнење. Но, мора да се обрне внимание и на храната.

Она што веќе знаеме е дека газираните сокови и индустриските десерти можат да го нагризаат површинскиот слој на забите и да ги оштетат. Но, постојат и други намирници со кои го загрозуваме нашето орално здравје.

Цитрусни овошја

Лимонот, портокалот и грејпфрутот содржат широк спектар на витамини и хранливи материи, но цитричната киселина го зголемува ризикот од оштетување на површината на забите и нивната чувствителност. Затоа, овие овошја консумирајте ги умерено, соковите разредувајте ги со вода и одржувајте редовна хигиена на усната шуплина по јадење или пиење сок од цитруси.

Сосови за тестенини

Конзервираните сосови за тестенини, особено оние од домати, може да бидат многу штетни за забите, бидејќи во процесот на конзервирање се користени големи проценти на лимонска киселина и јаболков оцет. Подобро е сосот од домати да го подготвите сами, во количина доволна за тој оброк, од свежи домати и без конзерванси.

Пуканки

Често се случува да загриземе зрно пченка кое не испукало. Ризикот од кршење на заб постои кај сите, но најизразен е кај оние кои имаат почувствителни и помеки заби. Исто, делчиња од пуканката може да навлезат во празнините меѓу забите и тешко да се отстранат со четка и конец.

Мраз и сладолед

Студените мраз или сладолед може да ја зголемат чувствителноста на забот и непцето на промена на температура. Затоа, избегнувајте да ги гризете и полека топете ги во устата.

Кисела храна

Премногу кисела храна не е добра за целиот организам, а не само за денталното здравје. Иако е тешко да се одолее на кисели краставички или маслинки, потребно е да ги консумирате умерено, за да избегнете нагризување на површината на забите.

Поврзано

Неделен хороскоп: Што имаат ѕвездите да ви кажат?

Elena

Познатата пејачка едвај преживеала: Пеела во кафана, а куршум ѝ поминал покрај глава

Elena

Познатиот актер киднапирал тинејџерка, ја намами полицијата, па исчезна од социјалните мрежи

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com