Ден

Храна која ја сметаме за штетна, но нема потреба да ја исклучувате од исхраната

Иако никој не би ги сместил сланината, колачите и белиот леб во групата здрави намирници, тоа не мора да значи и дека треба да ги исфрлите целосно од исхраната.

Дали некоја намирница е здрава зависи и од начинот на кој е подготвена, како и од количината која сте ја изеле. На пример, помфритот е полн со сол и маснотии, но варениот компир е одлична основа за здрава салата.

Прочитајте зошто не треба да ги исфрлите целосно овие производи од вашата исхрана:

Сланина

Сланината е вкусна и навистина не е здрава доколку ја јадете секој ден во големи количини. Но, затоа е одличен додаток во чорби и готвени јадења, бидејќи е доволна во многу мала количина, за да даде подобар вкус на храната.

Роденденски торти

Денешните роденденски торти освен самата торта, врз нив имаат и декорации од фондан, кои се подеднакво вкусни. Секако, бројот на калории е огромен, но сепак, не сте секој ден на роденден, а и едно парче ќе ве направи позадоволни, наместо да си одите со мисла за тортата.

Јајца

Нив ги следи митот дека се полни со калории и холестерол, но она на што забораваме е дека сето тоа е идеално избалансирано со другите хранливи состојки. Сепак, од јајцето се развива живот и во него ги има сите потребни услови за тоа.

Тестенини

Никој не може да одолее на голема порција тестенини со некој превкусен сос. За среќа, постојат нутриционисти кои никогаш не би ги исфрлиле од менито, под услов да се комбинирани со еднаква количина зеленчук.

Компири

Компирот е калоричен, но тоа не се празни калории, туку содржи и витамини, калиум, железо и растителни влакна. Затоа и лесно заситува и нема да огладнете по само два часа. Како што веќе нагласивме, избегнувајте помфрит со кечап и мајонез и подгответе си салата од варен компир.

Кафе

Кафето го следат многу предрасуди, но како и за сè друго, така и за него важи дека треба да се консумира во умерени количини и по можност со што помалку или без шеќер.

Леб

Лебовите ги има во илјадници варијанти и секој може да го најде оној што му одговара и со вкусот и со нутритивните вредности. Лебот од бело брашно е најмалку здрав во оваа група.

Поврзано

Дали печурките треба да се мијат пред приготвување?

Elena

Се сеќавате на Супербол полувремето од 2020? Иако направија вистинско шоу, Џеј Ло била бесна поради ова!

Elena

Бугарскиот селектор поднесе оставка

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com