16.5 C
New York
May 21, 2022
Ден

Грција бара од ЕУ веднаш да почнат пристапните преговори со Македонија

Веднаш да започнат пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија е нашето цврсто барање, порача портпаролот на грчкото МНР, Александрос Папајоану на брифингот со новинарите.

Тој вели дека минатата недела во Брисел имало успешен работен појадок организиран од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, а на кој присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Папајонау вели дека тоа било неформален работен појадок на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, со учество на голем број министри.

„Ако не грешам, беа 17 или 18 министри за надворешни работи од Европската Унија од вкупно 27, а обично на такви неформални работни појадоци прашање е дали учествуваат седум – осум. Ова беше успех, а присутни беа министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Италија, високиот претставник Борел и надлежниот комесар Вархеји. Ова е едно, а другото е, како што истакна министерот за надворешни работи, поддршката за европската перспектива на Северна Македонија и секако, нашето цврсто барање за веднаш за започнат пристапните преговори, рече Папајонау.

Поврзано

Македонија со 1.836.713 жители, 51 лицe има над 100 години

admin

ВИДЕО: Ракети во Луцк, на стотина километри од границата со Полска

admin

Бајден за Путин: Тој е касап

admin

Ковачевски на средба со европските социјалдемократи зборувал за ситуацијата во Украина

admin

„Меѓународен сојуз“: Боки 13 доби девет години затвор, Ременски ослободена

admin

Русија исклучена од советот за човекови права во ОН со 94 гласа „за“

admin