16.5 C
New York
May 21, 2022
Ден

Фетаи, Нанев и Тупанчевски под лупа на институциите

Објаснување, дрскост и молчеливост. Вака се однесуваат вишата обвинителка Фатиме Фетаи, претседателот на кривичниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев и министерот за правда, Никола Тупанчевски по нивното патување во Палермо, а потоа и патувањето на првите двајца во Порто, за да ги гледаат бараж натпреварите на Македонија, прво против Италија, а потоа и против Португалија.

Известувањето на медиумите и гласноста на граѓаните го сторија стоето, судскиот совет почна да постапува, за да провери како судијата Лазар Нанев отпатувал и бил сместен во Палермо и Порто.

„Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста.“ – велат од Судскиот совет на Македонија.

Појаснуваат дека откако ќе ги проверат сите релевантни наводи за овој случај, ќе известат за сите понатамошни активности. Ќе го имале предвид и мислењето на Здружението на судии, каде постои Совет за етика.

Владата пак, веќе два дена најавува дека ги разгледуваат сите информации и факти, по што ќе постапеле во согласност со етичкиот кодекс.

„Во согласност со постапката предвидена во Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, од министерот за правда Никола Тупанчевски е побарано да достави информации за конкретниот случај“ – велат од Владата.

И Државната комисија за спречување на корупција од утре ќе анализира, дали има простор да спроведе постапка за Фетаи, Нанев и Тупанчевски. Од таму велат, биле ангажирани за годишниот извештај, а сега ќе можат да се фокусираат и на правниците кои отпатуваа во Италија и Португалија, преку чартер летот кој го плаќа Фудбалската федерација на Македонија.

ФФМ на сите новинарски прашања даде ист одговор, дека ќе кажат како обвинителката, судијата и министерот патувале со чартер летот кој тие го плаќаат откако ќе се вратат во земјава, односно после мечот со Португалија.

Етичките кодекси, барем според јавноста се прекршени. Во едичкиот кодекс на судиите пишува дека судија не смее да прими подарок кој чини повеќе од 3.000 денари.

Во етичкиот кодекс на јавните обвинители е напшано, дека обвинител не смее да има непримерни врски со законодавната и извршната власт, но и не смее да прима подароци и бесплатни услуги, ако со тоа може да ја доведе во прашање неговата непристраност и објективност.

 

Поврзано

Хронологија – Како Зекири заврши во Шутка и која е фирмата „Интерхолдинг“

admin