Ден

Зошто сите стануваат злобни на Интернет, дури и културните и воспитаните луѓе?

Интернетот создаде услови на градење на цел паралелен свет во кој и најфината личност која ја познавате можеби се крие зад некоја своја злобна онлајн верзија.

Социјалните мрежи, а особено Твитер им даде шанса на луѓето анонимно да го искажуваат своето мислење, но како и секогаш, оваа опција на големо се злоупотребува. Доволен е само еден наивен потег за лесно да станете плен на сајбер-хиените кои едвај чекаат некој да им „падне во канџи“ и да го распарчат виртуелно, само затоа што никогаш нема да се осмелат тоа да го направат реално.

На глобално ниво, најомразени луѓе на социјалните мрежи се малцинските групи со различно етничко потекло, особено жените од тие групи. Тие стануваат цел на исмевање и жртви на стереотипи, а што е најинтересно, многу е веројатно дека со некој од оние напаѓачи можеби и пиете кафе секое утро.

Коментарите на Фејсбук и на Твитер често излегуваат од контрола и преминуваат во директни закани и во „булинг“, кога насилникот не бира средства, ниту зборови, со цел да го дискредитира соговорникот.

Она што претходно беше изненадувачко, а сега е сосема очекувано и нормално, е што во тие напади учествуваат личности кои во реалноста се пријателски настроени кон сите, кои не се себични, ниту пак можете на каков било начин да ги класифицирате како лоши.

Сепак, постои нешто што го влече најлошoто од луѓето кога се зад екранот. Интернетот неопходно создава услови за групирање на истомисленици против неистомисленици. Поддршката од сопствениот „клан“ влијае така што личноста не размислува повеќе пати пред да притисне „објави“.

Токму во ова групирање и лежи одговорот на иницијалното прашање. Луѓето се создадени за да бидат дел од колектив, но во реалноста тој не може да биде толку голем, колку оној на интернет. Во реалниот живот таа личност сигурно нема толку бројна поддршка во заедницата во која припаѓа, но на интернет тоа е доста полесно. Се градат групи, меури на безбедност, цел сајбер колектив кој мисли и постапува на начин на кој на поединецот никогаш нема да му текне.

Затоа и се случува некоја личност која ја знаете од основно како примерна, фина и мирна, на социјалните мрежи да се однесува неконтролирано лошо.

Поврзано

Популарниот Џастин Бибер отворено прозборе за сериозната болест: Ги откажал сите настапи

Elena

Наташа се разголе во Тетово, друштво ѝ правеше и еден Македонец

Elena

Корисни трикови за полесно отстранување на несаканите влакна со брич

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com