18.3 C
New York
May 21, 2022
Ден

„Меѓународен сојуз“: Боки 13 доби девет години затвор, Ременски ослободена

„Најголемата хиена! Слуга на Заев! – Ова беше реакцијата на Боки 13 откако ја слушна пресудата за 9 години затворска казна за предметот Меѓународен сојуз, во кој беше обвинет за измама и перење пари. Неговиот адвокат, Сашо Дуковски смета дека казната не се базира на докази.

За разлика од Боки 13, екс пратеничката и екс потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски е ослободена од обвиненијата. Судот рече дека за Ременски, обвинителството не успеало да докаже вина.

Ременски е задоволна од одлуката, но обвинителката Ивана Трајчева вели дека ќе ја обжали одлуката.

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски е осуден на 2 години условна затворска казна, но според него, со денешните одлуки на судот, правдата во нашата држава е мртва.

Соработничката на Боки 13 и претседателка на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ е осудена на 4 години затвор. Со 1 милион денари е казнето и правното лице Меѓународен сојуз. Бојан Јовановски е осуден на 9 години затворска казна и во случајот Рекет.

Поврзано

Уставен суд го одби барањето на Панчевски

admin

СЗО предупредува на нов вид на хепатитис со непознато потекло

Elena

Пуч против Путин – Поголема реалност од недела во недела

admin

ЕК ќе набавува гас и нафта за Македонија

admin

Приближување на ставовите со Бугарија има, решението сепак е далеку

admin

Села бара да се збришат казината и обложувалниците: Игри на среќа само во хотели со 5 ѕвезди!

admin