18.3 C
New York
May 21, 2022
Ден

Ако пиевте антибиотик, ова е вистинскиот начин да го прочистите вашето тело

По секоја употреба на антибиотик, потребно е прочистување на организмот, појачување на имунитетот и воспоставување на баланс во телото.

Со оглед на тоа што колку и да сакаме да ги избегнеме, во некои ситуации е потребно да се користи антибиотик, треба да знаеме и како потоа да го вратиме телото бидејќи лековите влијаат и на таканаречените добри бактерии во нашиот организам.

Прв најважен чекор е да користиме пробиотик во текот на терапијата, кој се зема неколку часа откако сме го испиле антибиотикот. Исто, потребно е да внесуваме и суплементи со витамин Ц, во количина од 500 милиграми дневно. Сè што е над оваа количина, организмот го исфрла, односно не го користи.

По завршување на терапијата, започнете со исхрана богата со антиоксиданси, која ќе ги елиминира остатоците од антибиотикот. Многу е важно да јадеме свежи овошје и зеленчук за да го постигнеме ефектот.

За време на терапијата и периодот потоа треба од исхраната да ги исфрлиме белиот шеќер, скробот, вештачките бои и адитиви и белото брашно, кои создаваат услови за појава на кандида.
Исто така, пијте доволно вода, околу два литра во текот на денот.

Пробиотикот треба да се зема уште неколку дена по завршувањето на терапијата. Потоа можете да го замените со јогурт или кефир од проверено производство, со цел да го вратите нормалното функционирање на дигестивниот систем.

 

Поврзано

Што да направите ако ја „утнавте“ бојата на вашата коса?

Elena

Како храната може да биде причина, но и лек за вашата анксиозност?

Elena

Љубителите на пица ќе се израдуваат – Сепак не е толку лош и нездрав избор за оброк

Elena

Како да согорите што повеќе калории додека вежбате?

Elena

Храна која може да ги уништи забите

Elena

Храна која ја сметаме за штетна, но нема потреба да ја исклучувате од исхраната

Elena