16.5 C
New York
May 21, 2022
Ден

Села бара да се збришат казината и обложувалниците: Игри на среќа само во хотели со 5 ѕвезди!

Парламентарната група на Алијансата на Албанците до Собранието ќе поднесе предлог со кој се предвидува игрите на среќа да бидат преместени исклучиво само во хотели со 5 ѕвезди, рече претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села,.

„Игрите на среќа, казината, спортските обложувалници и сите други игри на среќа да се преместат исклучиво само во хотели со пет ѕвезди. Со законот предвидуваме овие измени да стапат во сила после една година за да им се даде време и на вработените и за да ги преместат овие казина и други игри на среќа во хотели со пет ѕвезди“, рече Села и ги повика пратениците од сите парламентарни групи да ги разгледаат измените и да ги поддржуваат.

Другиот предлог во измените на законот, рече Села, е ограничување на рекламирање на игри на среќа, со што, како што посочи, и се дава надлежност на локалната власт за регулирање на оваа проблематика.

„На локалната власт им даваме право, бидејќи секој бизнис и плаќа на општината фирмарина од 100 евра годишно. Со овој закон, на казината и за игрите на среќа се забранува да се рекламираат повеќе од димензиите кои се во законот – 30 со 50 сантиметри. За секој метар квадратен дополнително за кои ќе се рекламираат и во објектите каде што ќе бидат сместени и за билбордите ќе плаќаат, и тие пари ќе одат на посебна сметка на општината каде што се рекламираат. За секој метар квадратен би се наплатило минимум 200 евра. Ние сме за тоа да разговараме и со другите политички актери, пратеници“, вели тој.

Закон со кој би се намалил бројот на приредувачи на игри на среќа беше предложен и од страна на минатиот парламентарен состав, а најголема поддршка за предлогот, казина и обложувалници да нема во близина на училишта и градинки беше владејачката ДУИ.

Поврзано

Бајден: Путин не смее да остане на власт – Кремљ: Тоа не го одлучува Бајден

admin

Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- “Не оставај никој зад себе”

admin

Приближување на ставовите со Бугарија има, решението сепак е далеку

admin

Грција бара од ЕУ веднаш да почнат пристапните преговори со Македонија

admin

Македонија со 1.836.713 жители, 51 лицe има над 100 години

admin

ЕК ќе набавува гас и нафта за Македонија

admin