16.5 C
New York
May 21, 2022
Ден

Љубителите на пица ќе се израдуваат – Сепак не е толку лош и нездрав избор за оброк

Љубителите на пица сигурно ќе се израдуваат кога ќе дознаат дека нивното омилено јадење всушност е корисно за појадок.

Обично, се препорачува појадокот да е богат со скроб, растителни влакна и протеини, поради што житариците и јајцата се најчест избор. Но што е со пицата?

Секако, иако не е најздравиот оброк, нутриционисти се согласуваат дека е подобар од мусли или корнфлекс, кои имаат вештачки додадени шеќери.

Едно парче пица содржи премалку шеќери од повеќе продукти што обично ги јадете за појадок. Мастите не се содржани во голема количина, а ќе внесете и доволно корисни јаглехидрати доколку не претерате, односно ако изедете најмногу две парчиња за појадок.

Благодарение на сирењето, кашкавалот и печурките, со пицата ќе внесете и јаглехидрати. Ситуацијата е уште подобра доколку има зеленчук на пицата, на пример домат, пиперка или кромид.

За разлика од ова, во житариците со млеко речиси и да нема доволно масти, ниту пак зеленчук. Во просек, едно парче пица има иста енергетска вредност како и чинија со мусли со млеко.

Поврзано

Што сè можете да дознаете за себе врз основа на крвната група?

Elena

Што сè можете да научите од грижата за вашиот миленик?

Elena

Храна која може да ги уништи забите

Elena

Ако пиевте антибиотик, ова е вистинскиот начин да го прочистите вашето тело

Elena

Како храната може да биде причина, но и лек за вашата анксиозност?

Elena

Овие лични детали за себе никогаш не откривајте ги пред колегите

Elena