Здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД во рамки на проектот “Поддршка на социјалните претпријатија преку следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”, во Центарот за поддршка на социјалните претпријатија, утре, со почеток во 10:00 часот, организира настан – Тркалезна маса со тематика “Предизвици и можности за развој на социјалната економија во Северна Македонија”.
Овој настан се организира како дел од проектните активности кои имаат за цел да ги поддржат социјалните претпријатија и да изнајдат решенија за задоволување на нивните потреби. Да се подобрат условите за работа и капацитетот на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија и да се поддржи развојот на потенцијалните и постојните СП за значително зголемување на нивниот оперативен капацитет, одржливост и пристап до пазарите, притоа поддржувајќи го зголемувањето на вработувањето на ранливите групи на луѓе, со што ќе придонесе за нивната социјална и професионална реинтеграција.
Тркалезната маса има за цел да ги анализира актуелните состојби и предизвиците во решавањето на проблемот со мапирање на различните модели на социјални претпријатија, идентификување на потребите и предизвиците за развој на различните модели, како и утврдување на можностите за унапредување на меѓусекторската соработка на актерите во екосистемот.
На тркалезната маса учество ќе земe г-дин Оливер Митов, правен експерт, проект за техничка помош на Министерството за труд и социјална политика ,,Поддршка на социјалните претпријатија”, г-ѓа Александра Лопарска-Илоска, истражувачка во Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК”, г-ѓа Наташа Димеска, шеф на кабинет, Министерство за труд и социјална политика експерти од областа на социјалната економија и претставници од граѓанскиот сектор, со цел да добиеме сеопфатен инпут и видувања од различни чинители.