Ден

Што да направите ако ја „утнавте“ бојата на вашата коса?

На секоја девојка во животот ѝ се случило барем еднаш да не е задоволна со новата боја за коса, без разлика дали бојадисувањето било на фризер или во домашни услови.

За среќа, нема простор за паничење, бидејќи сето тоа е решливо и штетата може да биде ублажена. Постојат и професионални, но и домашни трикови.

Овојпат ви предложуваме неколку начини како да се обидете да ја поправите штетата дома.

Добивте пресветла боја

Оваа ситуација е најлесно решлива, бидејќи доволно е да ја обоите косата повторно. За да избегнете оштетување можете да одберете колор-шампон или прелив за коса или пак, обичната боја за коса да ја држите на главата половина од препорачаното време.

Претемна нијанса

Во некои случаи може да делува сода бикарбона. Измешајте сода бикарбона во шампонот за да добиете погуста смеса налик паста. Можеби ќе треба да употребите повеќе шампон за да можете да ја премачкате целата коса. Направете го ова веднаш по боењето, не чекајте да поминат неколку часови или денови. Оставете ја смесата да делува 5 до 10 минути и потоа добро измијте ја. Во зависност од тоа колку е темна нијансата, можете на ваков начин да ја осветлите барем малку.

Добивте портокалов отсјај

Портокаловата нијанса се појавува кај оние кои имаат црвен пигмент во основата на косата, а се истакнува при осветлување. Решението се крие во виолетовиот или сивиот прелив за коса или шампон кој е нијансиран во овие бои.

Зеленкаста нијанса

Зелен отсјај на косата најчесто се добива поради често боење на косата, а притоа не се негува со соодветни маски, серуми и регенератори. Овој трик е најчудниот на оваа листа, но големи се шансите штетата да ја неутрализирате со помош на индустриски кечап. Оставете го да делува неколку минути. Неговата црвена боја ќе ја неутрализира зелената.

Секако, имајте предвид дека овие методи не се 100% сигурни и дека секогаш е подобро да одите на фризер, наместо да се обидувате самите да ја средите катастрофата. Сепак, во даден момент може да ви послужат како итна помош и спас, особено ако немате време или можност да одите на фризер. 

После кој било од овие методи, добро е да ја негувате косата со соодветна маска и ампули, за да ја „вратите во живот“.

Поврзано

Арчи и Лилибет ја имаат „бојата“ на Хари – за инает на сите оние кои беа загрижени околу тоа

Elena

Колач со маскарпоне и богат вкус на кафе

Elena

Полска, Шпанија, Италија… Кој би организирал Евровизија ако Украина не може?

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com