Ден

СЗО предупредува на нов вид на хепатитис со непознато потекло

Евидентирани се 348 случаи на хепатитис со непознато потекло, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Оваа зараза најчесто ги напаѓа децата, а се разгледува теоријата дека потекнува од аденовирус.

Овие случаи на хепатитис со непознато потекло забележани се во 20 земји. Има уште 70 сомнителни случаи, во 13 земји, чии резултати од тестови се чекаат.

Во шест земји има над пет случаи, а само во Велика Британија пријавени се 160 пациенти.

СЗО ја истражува и потенцијалната поврзаност со последиците од прележан ковид-19

Аденовирусите обично се шират низ капки и преку заразени површини.

Околу 18 отсто од пациентите со овој хепатитис од непознато потекло, биле позитивни на ковид-19, покажаа резултатите од тестовите.

Поврзано

Кумановец криел 45 мигранти дома

Elena

СДСМ Кратово поднесе барање за надомест на штета на угостителските објекти кои треба да ги отстранат платформите

admin

Мицкоски: Владата го знаела францускиот предлог многу порано

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com