Ден

Полска, Шпанија, Италија… Кој би организирал Евровизија ако Украина не може?

Евровизиските победници, оркестарот „Калуш“, како и претседателот Зеленски, изразија верување дека следната година ќе може Евровизија да се одржи во Мариупол – град кој ќе воскресне после целата агресија. Сепак, многу е неизвесно да се прогнозира што било во врска со тоа.

Во вакви случаи, European Broadcasting Union ќе собере понуди од учесниците кои би сакале да ја преземат обврската за организирање на фестивалот во своите земји. Tрадицијата вели дека организатор е победникот, но има неколку случаи кога таа чест и обврска биле препуштени на друг учесник. Еден пример за тоа е кога Израел победија две години по ред, па одлучија да не бидат домаќини вториот пат. Има и пример кога Холандија одлучиле дека финансиите не им дозволуваат да организираат таков настан.

Засега, од големата петорка, само Германија и Велика Британија се изјаснија дека не се заинтересирани да организираат Евросонг.

Од друга страна, Италија и Шпанија би го направиле тоа во 2023. Полска се понуди да помогне, но сепак мора тоа да го реши и со властите. Холандија исто така изразиле желба повторно да ја организираат Евровизија, по успешното шоу во 2021 година.

Исланд е земја која секоја година се нуди да организира, доколку Австралија победи, но не се знае дали се на истиот став за кој и да е друг учесник.

Поврзано

Samsung ја претстави новата линија на Bespoke уреди на виртуелниот настан Bespoke Home 2022 година

Elena

Неделен хороскоп: Што имаат ѕвездите да ви кажат?

Elena

Лавиринт – Енигматика на 68 страници и наградни крстозбори!

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com