Ден

Бектеши: Бараме 900 милиони евра за враќање на долговите од претходните влади

Се соочуваме со увезена криза, најпрвин кризата предизвикана од пандемијата, потоа енергетска криза, сега и кризата со војната во Украина. Буџетот е ликвиден. Има пари во буџетот. Сите обврски на Владата се исплаќаат редовно, како што се пензии, плати, но и обврските према компаниите. Ребелансот помина на влада. Опозицијата не се појавува на дебати, но еве би сакал да ги поканам во собрание да дебатираме за нивните предлози, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во денешната емисија Клик Плус на ТВ21.

„Бараме 900 милиони евра за враќање на долгови од претходните Влади. Голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследнивме од претходните влади.
Исто така, дел од овие средства ќе бидат искористени за нови мерки, кои како влада ги подготвуваме се со цел, да им помогнеме на граѓаните и компаниите, а посебно за социјалните категории. Како што предвидовме 100 милиони евра на почетокот на годината за помош за граѓаните, сега проектираме нови 80 милиони евра повторно како директна помош за граѓаните и компаниите“, рече Бектеши.

Поврзано

Констатирани недостатоци во изградбата на градинката „Мајски цвет“

Elena

Мицкоски тврди дека имало обид да биде убиен, интервенираше МВР

Elena

Вучиќ: Македонците одат до Врање и Лесковац за да купат поевтина храна

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com