Ден

Заедничка литургија без договор за автокефалност

Камбаните во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје утре во 9 часот ќе го означат стартот на литургијата, втора во само пет дена, заедничка на срспкиот патријарх Порфириј и македонскиот архиепископ г.г. Стефан.

И ако првата, во храмот Св. Сава во Белград, беше наречена литургија за помирување, оваа во Скопје е литургија за потврдување на односите помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ, како сестрински цркви, што Саборот на Српската православна црква го потврди денеска, но без да побара автокефалност од Вселенската патријаршија.

Фото: Ден

Преговорите пак, помеѓу двете цркви ќе продолжат во наредниот период, но се држат во тајност, па затоа и нема информации, дали и кога ќе се одржи нова рунда преговори. Автокефалноста пак, би донела и нов проблем во Македонија – Што ќе се случува со Православната Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски, која е призната од Српската православна црква.

Според информации од МПЦ-ОА, веќе сериозно се размислуваат модели, како би се решил расколот. Во српските медиуми пак, се појавуваат и теории, дека е можно заминување на Вранишковски во пензија поради влошена здравствена состојба, а останатите да бидат вратени под капата на Макекедонската православна црква.

Поврзано

Габриел Ескобар во БиХ за да го поддржи високиот претставник Кристијан Шмит

admin

Попладне дожд, за викендот многу топло

Elena

Бугарија ќе добие одложување на ембаргото за руската нафта?

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com