Ден

Маричиќ: 23-ти мај, симбол за општествениот и културен придонес на Власите во современата македонска држава

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва се обрати на Свечената академија во чест на Националниот ден на Власите, на која во име на Владата и негово лично име упати честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

– Ми претставува особена чест што вечерва, на овој голем празник, имам прилика да сум дел од оваа „Вечер на влашки збор и влашка песна“ и заедно да чествуваме, оддавајќи почит кон една од најавтентичните култури кои живееле на овие простори и кон нивниот вековен стремеж за зачувување и промовирање на својот јазик, култура и традиција, рече Маричиќ, додавајќи дека Власите се составен дел од нашето мултиетничкото општество, со значаен општествен и културен придонес во современата македонска држава и се составен дел од минатото, сегашноста и иднината на Република Северна Македонија.

Според вицепремиерот Маричиќ културната различност е нашето најсилно оружје со кое со децении се штитиме од ретроградните идеи, а Северна Македонија земја која отсекогаш била симбол на различностите и еден од најдобрите примери за негување на културната различност, градењето на социјална кохезија и мултикултурализам во „Едно општество за сите“.

– Припадниците на помалите етнички заедници како културната различност се нашата силна страна со која можеме да градиме здрава политика и општество, со примена на цивилизациските вредности, заедничко дружење, разбирање, прифаќање и што е најважно, меѓусебно соработувајќи за различни прашања, секој да даде свој придонес за благосостојба и за просперитет на нашата заедничка татковина, истакна Маричиќ.

На Власите вицепремиерот Маричиќ им порача да го чуваат својот јазик, културен идентитет и наследство, кои се нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик и да останат посветени како и досега на својата држава и на својата заедница, бидејќи благосостојбата и просперитетот на нашиот заеднички дом, Република Северна Македонија, зависи од сите нас.

На крајот Маричиќ упати честитка и од име на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, со уверување дека заедно, обединети ќе продолжат да градат едно општество за сите и да работат во интерес на граѓаните и државата, градејќи ја иднината на нашите поколенија.

Поврзано

ЕК ќе набавува гас и нафта за Македонија

admin

На потег е Вселенската патријаршија: СПЦ и официјално ја призна МПЦ-ОА

admin

Ковачевски: Ги реализираме ветувањата, политиките на раст на платите и на животниот стандард продолжуваат

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com