Градоначалникот на општина Кратово преку овластен градежен инспектор донесе Решение со кое се наредува на угостителските објекти во рок од 7 дена да ги отстранат платформите со настрешниците на Градскиот Плоштад во Кратово.
Советничката група на СДСМ поднесе барање за свикување седница на Советот на општина Кратово, која денес е закажана за 31.05.2022 година со цел да им понуди на советниците да изберат една од двете опции:
- Да донесат Одлука за иземенување и дополнување на програмата со што ќе дозволат понатамошно функционирање на угостителските објекти под истите услови под кои функционирале до сега; или
- Да донесат Одлука за надомест на штета на угостителските објекти имајќи во предвид дека проектот за нивно одобрување е за период од најмалку 5 години, а поради техничка природа во досегашните акти од претходниот градоначалник е впишан датум 31.12.2021 година.
„Сметаме дека во време на светска економска криза, каде што секое евро е важно за граѓаните со употреба на сила да се рушат објекти кои се одобрени и од Министерството за култура и да се предизвикува штета од илјадници евра е НЕДОЗВОЛИВО.
Ги повикуваме советниците од мнозинството Никола Коњановски, Маја Јакимова, Зоран Арсовски, Ванче Ангеловски, Весна Петрова, Трајче Пицанов, Љупчо Лазаровски, Тони Чочевски да се изјаснат дали во себе имаат човечност или сепак одобруваат рушење на објектите кое нешто е за профит и интереси само на еден газда“ велат од СДСМ Кратово.