Ден

Дали навистина можеме целосно да го исфрлиме лебот од исхраната?

Македонската кујна не може да се замисли без леб, но во исто време, го сметаме и за најголем непријател на нашето здравје и на убавата фигура. Но, дали можеме целосно да го обвиниме овој произов за тоа?

Популарната кето-диета за императив го става исфрлањето на лебот од исхраната, но што точно се случува ако целосно го исклучиме?

1. Добивате „кето грип“

Јаглехидратите се основен извор на енергија за работа на мозокот. Кога го намалувате или целосно прекинувате внесот, телото почнува да разложува масти и да „работи“ со помош на кетони. Резултат на тоа се сува уста, слабост, вртоглавици, заматен вид и лош здив. Ако издржите, телото ќе почне да се навикнува да работи на кетони, но тие никогаш не можат да бидат основен извор на енергија.

Затоа, многу е важно каков вид на јаглехидрати внесувате. На пример, рафинираните може да го нарушат здравјето, но нерафинираните спречуваат дијабетес, срцеви болести и гојазност.

2. Ќе трошите многу течности, но ќе имате помалку енергија

Житариците се идеален извор на железо, магнезиум и витамин Б. Со нивно исклучување од исхраната, телото ќе почне да се ослободува од вишокот течности и вие реално ќе слабеете, но тоа не е топење на масти, туку само исфрлање на задржаната вода.

Поради тоа, нема да имате издржливост и сила за да издржите едночасовен тренинг, на пример.

3. Ќе имате проблеми со варењето

Житариците нè снабдуваат со растителни влакна, кои се неопходни за правилно варење на храната, но и за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Тоа понатаму може да предизвика проблеми со исфрлање на изметот, односно или пречесто празнење или многу нередовно.

4. Ќе изгледате несреќно

Јаглехидратите од било кое потекло помагаат за зголемено лачење на серoтонин. Кога не би примале никакви јаглехидрати преку исхраната, ќе лачите минимални количини на сератонин, што по некое време ќе стане видливо на вашето лице.

 

Поврзано

Арчи и Лилибет ја имаат „бојата“ на Хари – за инает на сите оние кои беа загрижени околу тоа

Elena

Откријте какви ќе бидете во староста, според вашиот хороскопски знак

Elena

Член на кралското семејство откри зошто принцот Луи беснееше на прославата на кралицата

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com