Првото и најважно правило за спречување на дехидрирање е пиење на доволно вода во текот на денот. Секоја клетка од нашето тело е составена од голем дел вода и затоа треба да пиеме количина соодветна на потребите на организмот, со цел клеточните функции да се извршуваат правилно.
Покрај вода, постојат и неколку зеленчука кои исто така се составени од големи количини на течност, но и минерали и електролити.
Краставицата, покрај вода, содржи и витамин Ц, калиум, магнезиум и натриум. Со јадење на свежа краставица на својот организам му обезбедуваме и доволна хидратација, но и внес на хранливи материи.
Доматите, кои се богати со антиоксиданси, содржат и доста растителни влакна. Благодарение на доматите, нашата кожа ќе биде поеластична, хидрирана и поотпорна на УВ-зрачења.
Тиквичките, всушност се 95% вода, воопшто не се калорични, диетални се, а исто така се и одличен извор на витамините А и Ц и на фолна киселина.