Во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, започна заедничката литургија на археиепископот г.г. Стефан, и српскиот архиепископ Порфириј. Ова е вистински историски настан, кој се пренесува и на Македонската радио-телевизија.
По литургијата се очекува двајцата поглавари да имаат говори.
Соборниот храм е преполн со верници, но и со претставници на државниот врв, како и со претставници на останатите верски заедници.
Во делегацијата од СПЦ, заедно со патријархот се присутни Мирополитот Црногорско-приморски Јоаникиј, епсикопот сремски Василиј, Бачкиот епископ Иринеј, зворничко-тузлансткиот Фотиј, крушевачкиот Давид, ремезијански Стефан и Пабачки Јеротиј.
Ова е голем исчекор во затоплување на односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ.