Најмалку 19 деца и двајца возрасни се убиени вчера во оружен напад во основно училиште во Тексас.
Напаѓачот, кој имал 18 години и бил вооружен со пушка и пиштол, бил убиен во престрелката со полицијата.
Убиецот пред да пристигне во училиштето, ја убил својата баба.
Денеска во САД во знак на жалост, сите знамиња кај државните институции се на половина копје.