Ден

ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација за Џафери оти ги заклучил во пленарната сала

„Собранието не е повеќе демократска институција, туку институција заробена од еден автократ кој се однесува како Собранието да е приватна своина“. Вака координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ја најави интерпелацијата за претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако вчера во собраниската сала беа заклучени вратите, за да се пребројат присутните пратеници.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата побараа полиција да ги ослободи, бидејќи биле заклучени во салата, а видеото од она што се случуваше во Законодавниот дом го објави пратеникот Миле Лефков.

Мицевски пак, од надворешанта страна снимаше, како не може да се отвори вратата, а дел од пратеничките на опозицијата тропаа по вратите.

Иако претседателот на Собранието, Талат Џафери им велеше на пратениците дека Деловникот му дава можност за тоа, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ обвини дека за Џафери не постоел Деловник ниту човекови права.

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ и натаму со блокада на Собранието, Милошовски вели дека предвидувањата се загрижувачки

admin

Ценовен шок по полноќ – Поскапуваат храната и горивата

admin

Речиси цела година полицаец регистрирал луксузни коли со фалц-регистрации

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com